Ова е релативно стар текст, ама не гледам причина зашто да не го објавам сега откога го направив блогов и сè тоа.
Текстот:
XVIII-от и XIX-от век претставуваат повеќе од два обични века. Претставуваат и повеќе од обичен збир од повеќе револуциии низ светот. Тие претставуваат доказ дека човекот може да размислува со својата глава. Почетоците на модерната епоха, темелот на борбата за човековите права! Egalite, fratenite, liberte! Колку силно тоа звучи. И не само што звучи, тоа и е силна и искрена парола. Целата модерна социјална критика и свесна идеја се базира на таа парола.
Така што луѓето почнале да да сфаќаат дека не, нив не им треба авторитет. Авторитетот служи само за да се злоупотреби, па затоа треба и да се отфрли! Доста беше од влечење по земја и криење по ровови, дојде време да кажеме што сакаме. И тоа се случи: се појавија првите анархисти и социјалисти. Голем дел од нив биле луѓе од „големото добро утро”, од високата
класа, луѓе кои не се потиснати од материјалната сиромаштија, туку од моралната, луѓе кои сфатиле дека светот не е оди на добро.
Едни од првите знаци на значајна промена се случуваат во 1936-та година во Шпанија, поточно во Арагон и Каталонија. Се оформува една од најуспешните форми на безавторитарно општество. Догвор, солидарност, соработка, здружување, еднаквост, СЛОБОДА! Идеален свет. Но тажното е што по секоја добра идеја доаѓаат и таквите луѓе кои ќе ја злоупотребат! Како и секоја друга брилијантна идеја и оваа била потисната. После една година руските „комунисти” дошле и им понудиле „солидарност” на шпанските анархисти. Солидарност од типот: да, ние ќе ви бидеме газди, ние ќе ви наредуваме, ама вие можете ДУРИ и да си уживате во вашата територија и да живеете во „идеалната хармонија”.
Анархистите ја одбиле понудата и „комунистите” на многу „комунистички” начин ја уништиле најкомунистичката форма на комунизмот: анархистичкиот комунизам. Сите оние кои се побуниле биле стрелани од страна на црвената армија!
Покасно, во Англија и Америка се појавуваат првите панк бендови кои спроведуваат многу социјални, „леви” и прогресивни идеи. Се појавува и хипи движењето! Социјална револуција! Комунизам низ светот! Конечно успеаа! Конечно идеалот стана реалност. Недостижното стана достижно и се отворија нови хоризонти кон нови „недостижни” идеи. Секој човек работел колку можел, а го добивал сето она што му требало.
Но, за да се направи вистинска и целосна промена во едно општество треба работите радикално да се променат, а за тоа треба народот да биде спремен, а воедно и да ја сака таа промена. „Комунизмот” многу брзо се покажал како непродуктивен и всушност како пародија на првобитната идеја, односно општество кое би служело само за да видат наредните генерации како НЕ треба таа идеја да биде воспоставена! Социјална револуција? За многу кратко време секој си го гледал само својот двор и не излегувал подалеку од својата черга. Се појавуваат никулци за масовна приватизација, алиенација и национализам, угнетување на сè она што по дефиниција не си ти! Очигледно тука немало ништо социјално! Хипи движењето? Мода! Ништо повеќе! Не го правеле тоа од алтруизам и грижа на совест, туку од начин да делуваш уникатно и скриен начин на кој можеш да бидеш „high“ и да си поминеш убаво! А панкот? Нешто уште пострашно од хипиците! Лицемерна мода! Зборуваш едно, правиш друго! Се облакаш и предлагаш едно, а во дело го вршиш спротивното! Се залагаш за подобар и поубав свет, а ти го правиш полош! Кршење, пиење, дрогирање, тепање, силување, но сепак критика за општеството и системот!
Велиш дека системот смрди? Да, и јас сум за тоа, системот смрди, но тажното е што и ние самите смрдиме! И ќе смрдиме сè додека не сфатиме дека треба да се избањаме. Да ја измиеме целата гнилост што ја носиме од денешното општество, да измиеме сè што ни се наметнува и да перстанеме да бидеме продукти на ова општество, продукти на оваа гнилост и одвратност! Да станеме свои, егоистично, но паралелно и алтруистични и хумани суштества. Авторитетите и нивните приврзаници велат дека егоизмот на народот го води светот напред! Ајде, да речеме дека е така, но имам две прашања кон приврзаниците на државата:
Каде е вашето его и таа ваша моќ и сила кога дозволувате да бидете контролирани од страна на некој „посилен“ од вас? Знаете да се удирате во гради кога станува збор за социјална критика, но не и да бидете вистински во тоа што го зборувате! Тажно е како отфрлате нешто толку јако, искрено и чесно како анархизмот со оправдување дека сте премногу егоистични за таква работа. Тажно е поради тоа што вие сте СПРОТИВНИ на вашите тврдења! Вие сте срам за зборот его! Гнилиот слој не се тие што се мачат и трудат за да си обезбедат парче леб за себе и својата фамилија, туку ВИЕ.
Како тоа секогаш алтруизмот го отфрлате како можна варијанта со оправдување дека така сè би пропаднало? Нели бевте егоисти и верувавте во себе? Каде е таа верба кога вашето его треба да го искористите за да им помогнете на другите? Зарем не зависиме сите едни од други? Зарем можат егоистите сами да живеат на овој свет? Одговорот е толку јасен, а сепак толку го избегнувате: очигледно не сте егоисти, туку сте кукавици! А патем, од каде тоа дека егоизмот и алтруизмот не можат да одат заедно и заемно да се надополнуваат? Некој ви го кажал? АЈде признајте, некој ви го кажал тоа!
Нема ништо страшно и неблагородно во тоа да им помогнеш на тие што немаат и се мачат, само што „егоистите“ нив ги сметаат за слаби личности кои не заслужиле да живеат, а на сите ни е познато дека нема фактор кој може да те осигура дека си подобар од некого сè додека насилно не навлезеш во неговата слобода. Марли кажал нешто уште одамна и таа реченица ја опишува ситуацијава во целост: „Who are you to judge the life I live? I know I'm not perfect, nor I live to be. But before you start pointing fingers, make sure your hands are clean.“
Повеќето панкери всушност живеат во ваквиот, кукавички свет само што тие се прават вистински анархисти и социјалисти. Меѓу другото, тоа беше и основната причина поради која го нареков лицемерна мода! Бидејќи многу е побитно четката да ти биде права, цело време крената и убаво офарбана и да носиш црн кожњак со прешивачи, шилци и безопасни игли, црвени, карирани панталони и црни мартинки со шајки, отколку да го спроведеш тоа што всушност го зборуваш и заради кое пред сè си станал панкер, а згора на сè, можам да замислам колку пари се потребни за да се одржи таквиот изглед.
Дали е панкот мртов?
Ако ме прашувате мене, тоа е исто како да ме прашате дали комунизмот изумрел, кога сите сме свесни дека тој во вистинско светло никогаш не се ни случил! Јас не разбирам како може да изумре нешто што не се ни случило! Не, панкот не умрел! Позерите се збогатија, хард - корците го јадеа, а модата и лицемерието што го носела тоа име умрела! „Панкот“ е изумрена мода, ама панкот (без наводници) не е мртов! Тој допрва се раѓа!
No comments:
Post a Comment