Ако отидете на youtube и пишете „Proof of Anarchy“ првиот линк што ќе ви излезе е од некој анархо-капиталист кој објаснува дека анархо-капитализмот(сакам да потенцирам дека анархо-капитализмот не е анархистичка филозофија, туку либерална и како таков не спаѓа во анархизмот како идеологија) е возможен и подобар политичко-економски систем од капитализмот.
Кога убаво ќе го разгледате видео записот, ќе сфатите дека целосната негова теза се базира на тоа дека „ако камион може да помине преку мост, тогаш со сигурност можеме да тврдиме дека количка со бебе ќе може да помине низ истиот“. Всушност, тука и започнува проблемот на неговата теза, а и општо проблемот на целокупната политичка филозофија. Што се случува?
Во физиката, постојат две форми на анализа на одреден систем. Значи, можеме да го анализираме како идеален и како реален случај. Со помош на анализата на идеалниот случај и додавање на одредени работи кои дополнително важат во реалноста, ние го анализираме всушност реалниот систем. Односно, тоа го правиме за да ја поедноставиме нашата задача.
И сега, работата е во тоа што, кога примерот со камионот би го анализирале од физички аспект можеме да навлеземе толку длабоко во анализата што би дошле до моментот кога би претпоставиле дека мостот е можеби ослабнат, стар и не го има истиот потенцијал кој го имал при неговото создавање, па камионот кога би поминал постои шанса дополнително да го оштети и кога после него би поминале со количката со бебето истиот да се сруши. Во поглед на тоа, имаме мал предизвик, го анализираме системот како идеален и потоа ги додаваме работите кои би важеле за мостот по 100 години старост и добиваме реален резултат.
Но оваа анализа е многу потешка кога ја применуваме во политичката сфера и социјалниот живот бидејќи човекот е многу покомлексна ствар од мостот и за истиот знаеме многу помалце отколку за другиот. Тоа значи дека, при самиот доказ за возможност на неговата идеја се наметнуваат еден куп фактори кои се ненамерно занемарени, а кои се неопходни за правилната анализа и пронаоѓање на вистината. Што значи дека има огромна веројатност неговиот доказ да не е вистинит. Дали доказот е точен и кои фактори се занемарени не би објаснувал, бидејќи не е тема на муабет моментално. Земете предвид дека постојат фактори кои и ние не ги знаеме и тоа додатно ја зголемува шансата за грешка на доказот.
Затоа, сметам дека за човек да се осуди да каже дека има доказ за нешто потребно е многу големо и длабоко навлегување во таа област и огромно посветување и анализа, како и размислување. Тоа особено важи во политичката и економската филозофија поради причини кои ги спомнав прееска. Комплексноста на човекот и методите кои одредени луѓе ги знаат наметнуваат простор за секакви манипулации, лаги, извитоперувања и искривувања на одредена филозофија. Тој проблем дополнително нè присилува да навлеземе длабоко во анализата со цел да можеме да се заштитиме од таквите дијалектики. Сметам дека ниту еден човек кој сака себе си да се нарече активист не смее да го занемари ова. Зошто потребен е отворен ум, но и огромно знаење што често знае да се коси едно со друго, па затоа треба да пробуваме различни начини на самоедуцирање и делување. Затоа не треба само слепо да се бориме за нешто кое што во дадениот момент го сметаме за правилно, но не треба па ни напразно да филозофираме до бесконечност без ништо да се обидеме да изимплементираме во практика, а се разбира дека секоја ствар која ја гледаме, читаме, или слушаме треба да ја прифаќаме со огромна резерва и да ја размислиме на сто пати, бидејќи сите знаете дека некритичното почитување на авторитетот е најголем непријател на вистината, а таквиот начин на размислување го зголемува времето потребно за анализа на одредена тема и го тера човек да постави привремени приоритети. Сè со цел да се организира подобро и конечно да се обиде да стане човек, а не да живее во заблуда дека има контрола и знае точно што сака и што прави.
No comments:
Post a Comment