Nesto

Новиот број на весникот Слобода достапен за преземање на дното од блогот. Наскоро излегува десеттиот број во печатена форма.

Monday, March 19, 2012

Yarrr...

Еве ме пак, и со овој текст-реакција каснам – нешто својствено за мојот карактер. Во конкретниов случај станува збор за една збунувачка статија во Фокус, а и низ повеќето про-опозициски весници, во која премиерот го нарекуваат пират, нели, директен напад за идејата да се изградат повеќенаменски бродови – сплавови  во нашиот Дунав.


Во глобала, естетиката, анти – кичот и анти – национализмот се работи кои не се баш својствени за моменталната власт, меѓутоа кога веќе се трудиме да критикуваме мора да внимаваме што зборуваме.
Во контекст на тоа, јас лично многу повеќе се чувствувам како пират кој се бори против Шпанските галии (токму таков облик ќе имаат бродовите кои ќе бидат поставени) отколку самиот премиер. 
Самата поволна локација на нас „пиратите“ ни дава дополнителна надеж во нашата борба. Галиите ќе бидат во близина на нашите соидејци, „македонските национални херои“ –Гемиџиите. Радикалните борци кои без разлика на тоа како се прикажани во јавноста се бореле за работи многу покруцијални од националистичката борба.
Всушност ако сите се декларираме како пирати и им објавиме војна на Шпанските Галии (читај: анти-културата и „македонската политичка елита“) тоа би ги решило и меѓуетничките тензии кои владејат последниве 2 - 3 000 години и кои само чекаа повод повторно да се разгорат. Сите еден ден ќе сфатат дека сите сме пред сè луѓе, дека фактички нацијата како поим е само средство за манипулација и дека заедно треба да се насочиме кон радикална промена на системот – обедниети со идеи, а не со процентуалната распределба на нашата наследна крв, ама за да стигнеме до тоа мораме да почнеме да се обединуваме на друга основа, а не на национална. Еве, сите ќе бидеме пирати – да речеме. Нешто за што би се согласиле и легендарните пирати од Карибите е тоа дека национализмот и кај македонците и кај албанците зема голем замав и единствениот начин да го спречиме е обединето да се бориме против него.
 Де факто, моменталната власт не само што не сака да се справи со тоа, туку и ја разгорува страста, а опозицијата – кутра и бедна, секогаш без доверба кај народот, нешто што и се очекува покрај работите кои ги сторија додека беа тие на власт, доведе до потреба од решавање на проблемот од страна на самиот народ. Народот е тој кој во моментов треба да биде обединет, без разлика на националната припадност. Преставниците и власта се само еден циркуз кој се обидува тоа да го сокрие и кој се обидува да ја испреврти реалноста во сопствена полза. Но тоа и отсекогаш било така. А и секогаш ќе биде, бидејќи народот е реалноста, а не власта.
Ние сме народот... Ние сме пиратите...
Ние не простуваме... Ние не забораваме...
                                                            Очекувајте нè!

No comments:

Post a Comment