Nesto

Новиот број на весникот Слобода достапен за преземање на дното од блогот. Наскоро излегува десеттиот број во печатена форма.

Wednesday, April 11, 2012

Критика на критиката


Имаме проблем. Проблем со критиката. Критиката на сите неисправни работи во нашето општество.
Јасно е дека критиката е многу полезна работа преку која се менуваат оние работи со кои не се согласуваме. Меѓутоа, имаме голем проблем во начинот на кој се обидуваме да допреме до нашиот соговорник.

 Често не се грижиме за начинот на кој ја презентираме нашата идеја, вадејќи се со фактот дека најбитно е она што го мислиме, а не начинот на кој го презентираме. И тоа е така. Тоа е најбитно, и тоа е суштинско. Меѓутоа, само во идеализирана средина тоа би било единствената работа за која треба да се замараме.
Денеска живееме во светот на Хаксли. Веќе ништо не е строго определено и конкретно. Денеска директноста во дискусиите дегенерира и е непожелна. Односно, живееме во светот во кои сите работи се претопуваат една во друга и не е баш јасно што е што и кој е кој. Живееме во живот во кој елитата нуди „избор и слобода“, а паралелно креира таква атмосфера и култура да луѓето едноставно не сакаат „избор и слобода“, за разлика од минатиот век во кој луѓето живееја во светот на Орвел – светот на забрани и казни.                                                                                                                                     
Кога мене некој би ме прашал, искрено, мене повеќе ми одговара дистопискиот свет на Орвел, бидејќи тоа е многу попримитивен начин на стивнување на масите. Па бидејќи е попримитивен, е полесен за справување од страна на народот.                      
Меѓутоа, таа фаза нашите манипулатори и лидери ја надминаа. Тие еволуираа во нешто многу помоќно и пософистицирано.        
 Инспириран од статијата – ЗА ЦРКВАТА, ФРЕСКИТЕ ШТО СЕ ЧИСТАТ, И ИДИОТИЗМОТ НАМАКЕДОНСКИОВ НАРОД и еден муабет со мој близок пријател, сфатив колку човек треба да се грижи во начинот на кој што се презентираат работите, баш поради хаксливоста на денешниот свет. Меѓутоа и не само тоа. Треба да го смениме и самиот пристап кон анализа на некој проблем. 
Во конкретниов случај, авторот на статијата наместо да критикува тоа што целата работа се злоупотребува за да се зголеми публицитетот на црквата и политичарите, да се зголемат статиите на новинарите и парите на капиталистите тој ги критикува луѓето што верувале дека самиот настан „просветлување“ е невозможен и не може да се демонстрира на конкретниот начин. Како тој да го има Одговорот и да знае сè па слободно може да се дрзне да тврди такво нешто.

Тој цинизам на луѓето и таа игнорантност ја уништува критиката како концепт. Бидејќи алтернативата на религијата во негов случај е што? Атеизмот? Вербата во некоја масовна експлозија која настанала пред 13 милијарди години? Светот не го создал Господ туку судирот меѓу материјата и анти-материјата? Дали навистина има суштинска разлика меѓу тие две работи и според кои сознанија би се тврдело, да речеме, дека токмѕ Господ не го создал Биг Бенг?
ФАКТ е дека не знаеме скоро ништо во таа област и перверзно е да се тврди дека сме начитани и информирани и дека ние ја знаеме вистината. Затоа е идиотски така цинично да се пристапува кон проблемот. А тоа е така бидејќи треба со многу повеќе филозофија и отвореност на умот да пристапуваме кон пронаоѓањето на решението на равенките.         
Но тоа не е само тука и само за оваа статија. Тоа се однесува на секој обид за критикување на одредена проблематика.               
Што значи, кога би го смениле пристапот и начинот на анализирање и размислување можеби и би можеле да се обидеме да речеме дека некогаш во иднина ако имаме среќа ќе се појават знаци на прогрес во целиот политичко – социјално – општествен свет.

No comments:

Post a Comment