Коментар:
Поентата на овој текст е обидот да го сменам начинот на размислување пред сè во својата глава, а понатаму на сите други. Имам во план да изработам повеќе примери за тоа во каква насока и со каков начин на заклучување, дедукција и анализа би сакал сè повеќе да се служиме. Овој начин на донесување на заклучоци го сметам за најдобриот до сега, во иднина, се разбира, ќе имам огромни промени.
Текстот:
Пример 1: Алтернативна анализа на времето
Ако длабоко навлеземе во концептот на времето и го сфатиме поинаку од нормалното толкување ќе ни се јави нов проблем кој го образложува методот на длабоко размислување. Таквиот концепт на времето е веќе размислуван многу пати од голем број на научници и филозофи. Тој објаснува дека времето е врзано за другите димензии, исто како што се врзани првите три димензии меѓусебно.
Гледано така, ако тргнеме од идејата дека во суштина, движењето не е возможно, би заклучиле дека трите димензии како такви се непроменливи, а со тоа е непроменливо времето, односно тоа не постои. Според тоа, сите движења во универзумот би биле продукт на нашата имагинација.
Од друга страна, ако движењето постои како такво, тогаш работите кои ги опишуваат трите димензии исто така би течеле, т.е. тие не би биле константни, а со тоа и времето би течело паралелно на другите три димензии. Ако тоа е така, тогаш движењето во двете насоки низ времето не би било забранета активност.1Понатаму, забавување и забрзување на времето исто така би било реална опција. За таа цел, претставувам еден мисловен експеримент:
Доколку човек поминува десет километри за еден час, лесно би се заклучило дека тој се движи со брзина од десет километри на час. Ако истиот човек помине дваесет километри за еден час, тоа, нормално, би значело дека се движи со брзина од дваесет километри на час, односно дека брзината се зголемила двојно. Поинаквиот пристап на анализирање објаснува дека резултатот на активноста ќе биде ист ако претпоставиме дека не се зголемила брзината туку забрзало времето за дупло. Тоа, нормално би не довело до истиот резултат. Сега, ако претпоставиме дека некој го набљудува процесот од страна, резултатот би изгледал како да е забрзано времето за човекот кој се движи, односно како да е забавено времето за набљудувачот. Така имаме три резултантни варијанти:
1. Времето се забрзало за човекот
2. Релативното времето2 се успорило за набљудувачот
3. Брзината се зголемила двојно повеќе
Поради фактот дека вистинит резултат може да произлезе само од вистинита претпоставка, и тоа дека трите резултати се исти (човекот стигнал од точка А до точка Б идентично во трите случаеви) следува дека трите претпоставки се точни. Гледано од овој аспект, лесно може да се заклучи дека можат да се изведат и други претпоставки кои сакаме да ги земеме за точни, како од самиот пример, така и преку комбинација на трите заклучоци.
Според тоа, ние како претпоставка го земаме само тоа што ни е потребно во дадената ситуација. Односно, ако ни е потребно да го забрзаме, или успориме времето, кориситиме една претпоставка, а додека ако ни е потребно да ја зголемиме брзината, користиме друга претпоставка.
Базирано на ова, лесно може да се заклучи дека времето е де факто врзано за просторот, но и дека можеме да го манипулираме со тоа што ќе го манипулираме самиот просторот. Порадни поедноставноста да се изгради машина која ќе го успори, или забрза движењето на честиците во еден објект, отколку да го успори, или забрза целокупното време во истиот објект, следува дека постои реална полза од оваа анализа. Преку нејзе, можеме да дојдеме до градење на поедноставни машини кои ја вршат истата функција, бидејќи исто како што покажавме во примерот, така и кај машините, најмногу од сè не интересира резултатот. Начинот на кој што е постигнат резултатот треба да биде минимален и зависи од ситуацијата, па можеме во вршењето на процесот да користиме повеќе претпоставки кои се покажуваат како точни во крајниот резултат.
1* Како би се остварило тоа и зошто нормалниот тек на времето е еднонасочен не би го анализирал сега и би го оставил за некоја наредна прилика.
2* Релативно време, зборувајќи како однос помеѓу времето кое што би го мерел човекот кој мирува (набљудувачот) и човекот кој се движи (предметот).
No comments:
Post a Comment